Вртлози

Врбас овде прави благ свијок и, што не му е одлика, се разгранува тука во три ракави создавајќи така мали островчиња, а подолу тие три кривулести ленти повторно се спојуваат во една. Бучи, надојден е. Брегот од оваа страна е стрмен, со врби и џбунови. Понатаму се простира рамницата, рамницата е проблем, низ темнината заканувачки непрегледна, во нејзината мрачна утроба патот исчезнува, никако да ја стигнеме.
Најмладата мора да мокри. Баш сега. Од страв, веројатно…

Црвениот облакодер

Тетка Нада беше најдобрата другарка на баба. Живееше недалеку од нас, во еден од двата облакодери од тула во улицата паралелна со нашата. Тоа беа т.н. воени облакодери, изградени 1974 година, добри 20 години по изградбата на нашиот кварт, ама од моја перспектива тие се таму отсекогаш. Ги дели тераса што денес е запуштена и зарасната во трева и пиреј, но некогаш ѝ служеше на својата цел и беше место за собирање на децата и станарите.

Кога ќе влезам дома, ја гаснам светлината

Последно ги искорнаа прозорците. Со црвени лица, заруменети ги влечеа окната, ги кршеа ѕидовите, ене го и татко ми и за час – еден прозорец од нивната куќа стои и во нашата шупа. Никаква корист од него, само се сопкаме и пцуеме, го проколнавме тоа окно веќе безброј пати, по ѓаволите нека оди, уште не отишло.

Вошки

„Дали си возач на камион?“, ме праша ќерка ми, девојче со криви нозе, кое има девет години. Инаку, кривите нозе ги наследи од мене. Моите се уште покриви. Никогаш дотогаш не ме праша со што се занимавам. Ми пријде носејќи тетратка со чисто бели корици, каде што ништо не пишуваше, ми го покажа насловот што го задала учителката и ми го постави тоа прашање. Дали сум? Требаше да напише состав за мојата професија. За професијата на својот татко.

Земја на среќата

„Глеј го, Мими, каков е“, вели мајка ми. „Што му фали?“, одговара таа, додека околу вратот ми го врзува дотраениот жолт чаршаф. „’Ко грмушка е. Треба итно да го шишаме!“ „Е, немој сега така.“ „За еден месец почнува школото. Нема да го пуштат вака во четврто...
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.