Бибер е конкурс за краток, ангажиран расказ на албански, босански, црногорски, хрватски, македонски и српски јазик.
Конкурсот го организира тимот на Бибер во соработка со Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.
Ние сме книжевно-активистички тим формиран околу идејата дека уметноста може да ја инспирира општествената промена. Го покренавме Бибер бидејќи веруваме дека книжевноста која е свесна во контекстот во кој настанува има и потенцијал да интервенира во тој контекст – да влијае и да менува, да на сите нас ни даде малку надеж, а со тоа и шанса.
Ана Битољану
Даворка Турк
Ивана Франовиќ
Катарина Милиќевиќ
Ќерим Ондози
Радомир Радевиќ