Резултати од четвртиот конкурс за краток расказ „Бибер“
На четвртиот конкурс за краток расказ „Бибер“ пристигнаа околу 750 раскази. Жирито во состав: Татјана Громача, Антон Беришај и Селведин Авдиќ ја донесе одлуката за наградите и направи избор на раскази кои ќе бидат објавени во повеќејазична збирка.
Првите три наградени раскази се следните:
Прва награда: „Ptičice“ на авторот Бојан Кривокапиќ од Нови Сад
Втора награда: „Kućica u šumi“ на авторката Алма Табак од Сараево
Трета награда: „Trokut“ на авторката Маја Халапир од Самобор
Очекуваме повеќејазичната збирка на раскази да биде објавена наесен и таа ќе биде достапна на веб-страницата на „Бибер“. Покрај наградените раскази, во збирката ќе се најдат уште 22 раскази од следните автори/ки: Александра Јовановиќ од Врање, Анета Велкоска од Скопје, Беса Морина од Приштина, Бојан Кривокапиќ од Нови Сад, Бошко Ломовиќ од Горњи Милановац, Динко Телеќан од Загреб, Горан Паладин од Загреб, Хоја Огризовиќ од Нови Сад, Ирена Скопљак Бариќ од Врбовец, Јелена Калајџија од Бјелина, Јована Матевска Атанасова од Битола, Маријана Чанак од Нови Жедник, Миховил Рисмонд од Загреб, Милан Воркапиќ од Врњачка Бања, Милена Бабиќ од Крушевац, Милица Рашиќ од Ниш, Никола Николиќ од Подгорица, Никола Петровиќ од Белград, Петра Рапаиќ од Нови Сад, Сања Трпковска од Скопје, Сенад Јусиќ од Бугојно и Веса Ќена од Приштина.
„Бибер“ е конкурс за краток, ангажиран расказ, на албански, македонски, босански, хрватски, српски и црногорски јазик. Темата на конкурсот е помирување во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, но предвид доаѓаат и раскази кои можат да придонесат за подобро разбирање меѓу луѓето, намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази кои се занимаваат со соочување со минатото, со разградување на сликите за непријателите, со сочувство со другите, храбри раскази кои се осмелуваат да чекорат во „непријателски“ чевли, раскази кои ги поместуваат границите и ни ги отвораат патиштата да градиме посигурна, побезбедна и послободна иднина за сите. Конкурсот е во организација на тимот на „Бибер“ на Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.
Им благодариме на сите учеснички и учесници на конкурсот што ја поддржаа оваа идеја и одговорија на конкурсот. Му благодариме на жирито за обемната работа што ја завршија, како и на тимот што ја направи претселекцијата. Им честитаме на авторките и на авторите чии раскази влегоа во најтесниот избор.
Во продолжение е соопштението на жирито.
Тим на „Бибер“
Ана Битољану, Даворка Турк, Ивана Франовиќ, Катарина Миличевиќ, Ќерим Ондози, Радомир Радевиќ
Соопштение на жирито
Жирито на „Бибер“ сака да им се заблагодари на сите учеснички и учесници бидејќи одговорија на овој конкурс, со што, секој на свој и единствен начин, ѝ дадоа поддршка на идејата за миротворство, разбирање и поврзување меѓу луѓето. Им честитаме на сите, а особено на авторите на наградените раскази.
Водени од литературни вредносни критериуми, за наградени ги избравме следните три приказни:
- Ptičice
- Kućica u šumi
- Trokut
Исто така, посебна пофалба би сакале да им дадеме на расказите „Mačići u zidovima“, „Maline“ и „Brkovi na štapiću ili tko zna koja o ratu“.
За зборникот раскази „Бибер“, избравме 22 раскази кои, според нашето мислење, оставија најголем впечаток. Тоа се следните раскази:
„Mysafiri“, „Shija e gjalpit të kikirikut“, „Antifada“, „Bitka izjutra“, „Igra: kraj“, „Razmjena“, „Воен чистач“, „Не зборувај лошо за мртвите“, „Prsluk“, „Miris“, „Veliki žuti pas“, „Moj brat“, „Brkovi na štapiću ili ko zna koja o ratu“, „Maline“, „Mačići u zidovima“, „Пас апорт“, „Ikona Svetog Jovana“, „Kako je Dado postao drvo“, „Terase“ и „More“.
Во оваа пригода, како овогодишно жири, би сакале уште еднаш да им се заблагодариме на сите кои одговорија оваа година и да ги поканиме и афирмираните и неафирмираните автори да одговорат на идните конкурси на Бибер. Нашето мислење е дека овој конкурс претставува многу добар и исклучително потребен простор за литературна комуникација меѓу авторите на балканските земји, што особено би сакале да го поздравиме како позитивен пример за комуникација, запознавање и зближување.
Селведин Авдиќ, Антон Беришај и Татјана Громача