Тоа летно утро сонцето беше непристојно силно, толку што се чинеше дека невештиот графит „Анти-антифа“ ќе се стопи и ќе исчезне од бетонскиот столб на Железничката станица во Нови Сад. Дотолку повеќе што е напишан со колебање, многу срамежливо, со ситни букви. Осуден...
Реџеп Кусиќ-Кусо поради својата наивност понекогаш излегуваше смешен. Веруваше во праведност, а неа никаде ја немаше. Се надеваше дека доброто го победува злото, па по половина живот заклучи дека залудно се надева. Онака како што водата го мазни каменот, Реџеп го...
Так, так, так, чукаа дрвените налани. Брзо, брзо, побрзо. Так, так по камениот пат нагоре до нивната куќа. Так, так чука срцето посилно од дрвените налани. Ене, онде, уште малку, ја гледам високата бела авлија, дрвената порта. Уште еден чекор или можеби уште илјада....
… така, синко, треба да бидеш голем човек – му рече дедо Сабри. – Но јас сум сѐ уште мал, дедо. Имам само 14 години – му возврати Шпресим. – Не, Шпресим – веднаш го поправи дедо му. – Големината не се мери со возраста. Големината е врзана за срцето, не со...
Го расфрли месото од сандакот по цела куќа. Летно време, брзо засмрде. Кој би го јадел ова? Ако го преживеам ова, веќе не јадам месо, се зарекувам. И така во шеесет и петтата стана вегетаријанка. Кога почна сѐ, се собраа сите и побегнаа пред војската што грмеше во...